Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговите фудбалери ќе ја прослават титулата шампион на Англија, заедно со своите навивачи со кои планираат традиционално возење со автобус.

Сепак, тие прво мора да ја освојат титулата, која по цели три децении со сигурност повторно ќе ја освојат, со оглед на фактот дека имаат недостижни 25 бода предност пред второпласираниот Манчестер Сити.

Првенството ќе продолжи на 17 јуни, со преостанатите натпревари од 28.коло, меѓу Астон Вила – Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити – Арсенал, додека водечкиот Ливерпул ќе игра против градскиот ривал, Евертон, на 21 јуни во натпревар од 30. коло.

“Не е убаво што не можеме да ја прославиме титулата на начинот на кој сонувавме. Моја желба е да не ја славиме титулата на стадионот и потоа да си одиме дома. Сепак, зошто да се направи проблем сега кога не можеме да го промениме тоа”, рече Клоп, додавајќи: “Тој ден ќе дојде и тогаш ќе имаме право да го славиме трофејот. Дали тоа ќе биде 12. или 13. коло од следната сезона, сеедно – сакаме да славиме и никој не може да не запре! Тогаш, ние сепак ќе го имаме трофејот и ќе можеме да се возиме низ градот во отворен автобус. Ако некои мислат дека е лудо, не ми е гајле “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *