Во рамките на 27.коло од хрватскиот шампионат, прво по долгата пауза, Динамо Загреб, оствари победа (3:1), на гостувањето кај Вараждин.

Најзаслужен за победата е македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми, кој најпрво го отвори резултатот во 13.минута, а пет минути подоцна изнуди пенал кој го реализираше Петковиќ. Домаќините го постигнаа единствениот погодок во 78.минута, враќајки ја неизвесноста на натпреварот, додека конечниот резултат беше поставен во 94 минута.

Со оваа победа Динамо се зацврсти на првата позиција, со 20.бодови предност пред второпласираниот Хајдук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *