Португалецот, минатата, 2019 година, заработил 105 милиони долари (плата во Јувентус и договори за спонзорство) придружувајќи им на голферот, Тајгер Вудс и боксерот, Флојд Мејведер, на списокот на спортисти милијардери.

Како што објави списанието „Форбс“, петкратниот добитник на Златната топка, Кристијано Роналдо, е првиот фудбалер во историјата кој стана милијардер.

Истовремено, Роналдо, е меѓу четирите најплатени славни личности изминатата година, веднаш зад Роџер Федерер, Каи Џенер и Кање Вест.

Се проценува дека Роналдо во текот на неговата кариера само од договори има заработено околу 650 милиони долари, а остатокот е заработен од бројните спонзорства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *