Бенфика вчера одигра без голови против Тондела, на домашен терен и ја пропушти можноста да се одлепи на првото место на табелата пред Порто, кој еден ден претходно неочекувано загуби на гостувањето кај Фамаликао.

Навивачите на Бенфика се собраа пред стадионот за да го поддржат тимот, бидејќи поради пандемијата на коронавирус забранет е влезот на стадионот, а инцидентите избувнаа по натпреварот, кога клубскиот автобус се упатил кон центарот за обука. Фановите го оштетиле автобусот со камења, кршејќи ги прозорците.

Подоцна, на социјалните мрежи, Вајгл објави фотографија со Живковиќ, со порака дека се е во ред и дека одлично се чувствуваат. Со свој коментар се јави и српскиот интернационалец: Имавме среќа! Сите грешиме, но сега линијата е премината. Фрлате камења во автобус без да се грижите некој да биде повреден? Знам дека ова не се вистински навивачи на Бенфика.

Полицијата експресно реагирала, приведени се напаѓачите кои припаѓале на навијачката група “No name boys” (Безимени момци) кои имаат историја со слични напади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *