Премиерлигата одлучи привремено да овозможи по пет замени на секој тим за време на натпреварот, кога првенството ќе продолжи кон средината на јуни.

„За остатокот од сезоната 2019/2020, бројот на замени кои можат да се користат во текот на натпреварот ќе се зголеми од три на пет“, се вели во соопштението на Премиерлигата, потсетувајќи дека мерката е „донесена во согласност со привремените измени на правилата донесени од Меѓународниот комитет“.

Дополнително, на клубовите им е дозволено да имаат девет резервни играчи на клупата, наместо седум.

За помалку од две недели, продолжува Англиското првенство, во кое треба да се одиграат уште 92 натпревари пред почетокот на август. По двата преостанати натпревари од 29.коло, кои се играат во среда, 17 јуни, ќе останат уште девет кола кои треба да се одиграат за шест и пол недели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *