Во рамки на 27.коло во најсилната полска лига, Јагилеониа на Дени Илиев оствари минимална победа на гостувањето кај Краковиа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мистковски во 89.минута, три минути по влегувањето во игра.  

Меѓу најзаслужните, ако не и најзаслужен за освоените три бода е нашиот голман кој во својот трет настап ги одбрани сите 5 удари упатени во рамките на неговиот гол и сосем заслужено се најде во тимот на колото.

На три кола до крајот на регуларниот дел од првенството, Јагилеониа се наоѓа на 8.позиција која води во плеј-оф разигрувањето и борба за излез на европската сцена.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварор:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *