Во полуфиналето на хрватскиот куп, Ријека на Дарко Велкоски и покрај негативата од два гола успеа да направи целосен пресврт и да се пласира во финалето на хрватскиот куп. Имено, со головите на Бокај во 16. и 48.минута, екипата на Осијек во чии редови настапува младинскиот репрезентативец Тодор Тодоровски, со едната нога беше во финалето, но, домаќините за 20.минути направија целосен пресврт .
Македонскиот репрезентативец, Дарко Велкоски, влезе во игра во 54.минута, кога неговиот тим губеше со 0:2 за потоа од 66 до 86.минута да постигнат три погодоци и да се пласираат во големото финале. 21.годишниот Тодоровски, кој пред три години од редовите на Вардар мина во Осијек не беше во комбинација за настап.
Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот: