Мирко Ивановски, беше во стартната постава на Диосѓер и одигра 72.минути во победата од 1:0 над Мезоковесд. Со добрите изданија во последните десет кола, екипата на Диосѓер се искачи на 4.позиција со пет бода помалку од Мезоковесд, кој се наоѓа на третата позиција, која води во квалификациите за Лигата на Европа. Имено, екипата на Диосѓер на последните 5 натпревари забележа 4 победи, а во последните 10 кола има претпрено само еден пораз.

Екипата на МОЛ Фехервар, за која настапуваат Бобан Николов и Висар Муслиу одигра нерешено, без голови на гостувањето кај Пакс. Невообичаено, Муслиу не беше во комбинација за настап, додека Николов влезе во игра во 78.минута од натпреварот. МОЛ Фехервар се наоѓа на втората позиција и со сигурност ќе игра во квалификациите за ЛЕ, додека Ференцварош е прв, со солидна предност од 10 бода и повеќе од извесно е дека ќе биде новиот шампион на Унгарија.

Кире Ристевски, ги одигра сите 90.минути за Ујпешт, на гостувањето кај Кисварда. Три дена претходно, во рамки на 25.коло Ристевски, исто така, го одигра целиот натпревар против Ференцварош, кој го загубија со 1:0, на домашен терен. Екипата на Ујпешт влезе во лоша серија (4 порази на последните 5 натпревари или 7 порази на последите 10) и сега се наоѓа на 10.позиција со 29.бода, колку што има екипата на Пакс, а се наоѓа на 11.позиција која води во втората лига на Унгарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *