Екипата на МОЛ Фехервар, за која настапуваат македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу во реванш натпреварот од полуфиналето на унгарскиот куп ремизираа со екипата на Мезокосвед, играјќи 2:2 на домашен терен. Првиот натпревар, исто така, заврши без победник (1:1), но поради гол повеќе на гостински терен третопласираниот Мезокосвед се пласираше во големото финале.

Муслиу ги одигра 90.минути на двете средби, додека Бобан Николов настапи само на првата, влегувајќи во игра во 77.минута.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *