Една деценија по освојувањето на тројната круна: италијанското првенство, купот на Италија и Лигата на шампионите, како  и светското клупско првенство во сезоната 2009/2010, Интер на фудбалерите кои таа сезона го носеа сино-црниот дрес, меѓу кои и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, им подари посебен подарок, шампионски прстен.

На прстенот е изгравирана годината која со златни букви е запишана во клупската историја „Timeless 2010“, како и бројот 27, што го носеше најдобриот македонски фудбалер. Горан Пандев, на својот Инстаграм профил објави слика од прстенот со порака „Благодарам Интер“.

За потсетување, Пандев се приклучи на Интер во јануари 2010 година, потпишувајќи петгодишен договор. Токму 2010 е година во која Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера. Успесите на Пандев продолжија и во 2011 година, кога со Интер повторно го освои Купот на Италија. Севкупно, за една и пол сезона, во дресот на Интер, во сите конкуренции Пандев одигра 69 натпревар (8 голови и 13 асистенции).


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *