Изминативе два месеца, додека фудбалските првенства беа во мирување, навивачите на Ријека го избраа идеалниот тим на својот тим за изминативе 10 години, односно за периодот 2010-2020.

Во најдобрите 11 се најдоа актуелниот македонски репрезентативец и член на Спортинг, Стефан Ристовски, на десната бековска позиција и поранешниот репрезентативец, Леонард Жута, на левата бековска позиција.

Најзвучно име во оваа екипа е Андреј Крамариќ, кој беше дел од легендарниот тим на Лестер што во сезоната 2015/16 година ја освои премиерлигата, а денес стандарден репрезентативец на Хрватска и член на германскиот прволигаш Хофенхајм.

За тренер на екипата беше избран Матјаж Кек од Словенија, кој мина пет години на клупата на тимот и ја водеше Ријека до титулата хрватски шампион.

Откако ги одбраа најдобрите 11, навивачите на Ријека во моментов, на анкета поставена на официјалната веб страна на клубот го бираат најдобриот меѓу најдобрите.

Очекувано, на актетата убедливо води Андреј Крамариќ, додека Ристовски со освоени 6,5%.

Погеднете ја анкетата на следнов линк:

http://www.nk-rijeka.hr/vijest/momcad-desetljeca-izaberite-najboljeg-igraca-desetljeca/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *