Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), врз основа на препораките на работните групи формирани на 17 март, а по одржувањето на видео конференцијата на која учествуваа генералните секретари на сите 55 национални сојузи, денеска (01 април), донесе одлука да се одложат сите клупски и репрезентативни натпреварувања кои беа на календарот до јуни.

Финалните мечеви во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, кои вообичаено се играат во мај, исто така се одложени на неодреден период. Сè уште не е познато дали УЕФА планира да продолжи со тековната сезона или веднаш ќе се оди на наредната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *