Македонската фудбалска репрезентација заедно со стручниот штаб донираа 40.000 за Фондот за здравство во битката со коронавирусот во знак на благодарност до сите, особено здравствените работници.

Капитенот Горан Пандев издвоил 10.000 евра, додека останата сума доаѓа од сите оние кои се дел од најдобриот национален тим, покажувајќи ја својата хуманост во периодот на пандемијата од коронавирусот.

Дополнително, Фудбалската федерација на Македонија има набавено три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *