Фудбалската репрезентација на Македонија својот полуфинален бараж натпревар од Лигата на нациите ќе го игра на 4. јуни 2020 година на Националната арена „Тодор Проески”, во Скопје.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 9. јуни 2020 година, а домаќин ќе биде подобриот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, соопшти вчера УЕФА. Европската куќа на фудбалот, претходно објави дека се одложува најголемото репрезентативно натпреварување УЕФА ЕВРО 2020. кое требаше да се одигра во јуни и јули годинава.  

Одлуките за одигрување на останатите УЕФА натпреварувања (клупски, репрезентативни, мажи и жени) ќе бидат навремено донесени и објавени. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *