Од денеска (03 март) пуштени се во продажба билетите за дуелот меѓу Македонија–Косово, од плејоф фазата во Лигата на нации, за пласман на Европското првенство. Полуфиналето од Лигата на нации (група Д) ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“ на 26.март. Цената на влезниците за јужната и северната трибина се по 300 и 400 денари.

Од ФФМ информираа дека секој билет ќе биде персонализиран, односно едно лице ќе може да купи само една карта, со приложување на документ за идентификација (лична карта или патна исправа). Воедно информираа дека секој оној што ќе набави карта,  на натпреварот ќе мора да дојде со документ за лична идентификација бидејќи редарската служба ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците.

Од федерацијата предупредуваат навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците.

Љубителите на фудбалот од главниот град, влезници за натпреварот ќе може да купат на билетарата на арената „Тодор Проески“, додека во останатите градови билети ќе може да се набават на следниве локации: T.A. Глобус – Охрид, T.A. Бран – Прилеп, Кафе бар „Концепт“ – Струмица, Симбол Кафе – Штип, Литература – Битола, Киоск Корзо – Неготино, Уни сон – Велес, Тобако Лени – Гевгелија и Либеро Травел – Кочани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *