Квалификацискиот полуфинален бараж натпревар во Лигата на нации за пласман на Европското првенство, кој нашата репрезентација требаше да го игра со Косово на 26 март е одложен. Нареден можен термин за одигрување на натпреварот е 2 јуни, се разбира доколку ситуацијата со корона вирусот се стави под контрола. Финалниот натпревар во рамки на Д групата, со победникот од дуелот Белорусија-Грузија ќе се игра на 6 јуни. Доколку и тоа не е возможно, тогаш најверојатно натпреварите ќе се играат следната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *