На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, на кој преку видео-конференција „присуствуваа“ претседателите и генералните секретари на 55 национални федерации, како и претставници на Европската клупска асоцијација, европските лиги и синдикатот на играчи ФИФ-про беше одлучено континенталниот собир на најдобрите фудбалски репрезентации во Европа да се одржи следната, 2021 година, место оваа година, како што беше предвидено. Новите датуми на ЕП 2021 се од 11 јуни до 11 јули, за што се согласија сите 55 земји-членки на УЕФА.

УЕФА одлуката ја донесе откако пандемијата на коронавирусот го парализираше европскиот фудбал. Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин рече дека одлуката на била лесна, но била морална бидејќи здравјето на навивачите, персоналот и играчите мора да биде приоритет број еден, додавајќи дека фудбалот пред празни трибини не е фудбал.

Александар Чеферин, исто така се заблагодари и на Алехандро Домонгез и CONMEBOL, кои се согласија да ја поместат Копа Америка за 2021 година поради пандемија на коронавирусот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *