Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку својот Инстаграм профил побара мечот против Косово за пласман на Европското првенство, кој е закажан за 26 март, да се одложи.

За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеке од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја, кои ке ни дадат сила и мотив да го надополниме се она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но дајте ни можност да го оствариме и се она за што сме го сонувале како деца. За доброто на сите, одложето го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски“, стои во објавата на Пандев на неговиот Инстаграм профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *