Стандардниот македонски репрезентативец и член на унгарската екипа МОЛ Види, Бобан Николов, се огласи на својот Инстаграм профил со барање да се одложи натпреварот со Косово.

„Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!

Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот. Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати. Спортски поздрав ! #едензаситеситезаеден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *