Шпанија, Ла лига 1

Изминатите три кола, Енис Барди, стандардно беше на зелениот терен. Неговиот тим, Леванте, во 25.коло приреди големо изненадување, совладувајќи го Реал Мадрид на домашен терен (1:0), за потоа убедливо да биде поразен на гости од Еибар (3:0), додека  последното одиграно,  27.коло, на домашен терен ги подели бодовите со Гранада (1:1).

Натпреварот со Реал, во живо го следеше македонскиот селектор, Игор Ангеловски, кој присуствуваше на едно од најдобрите изданија на Барди, кој на почетокот од второто полувреме имаше извонредна шанса, но, неговиот удар заврши покрај голот на Куртоа.

Во досегашниот тек од сезоната, нашиот играч за врска настапи на 21 натпревар, постигнувајќи 2 погодоци. Само еден натрпревар остана на клупата за резерни играчи, додека на 5 не настапи поради повреда.

На жалост, спротивна е ситуацијата со нашиот втор репрезентативец, Александар Трајковски, кој изминативе три кола, како и поголемиот дел од сезоната не беше ниту на клупата за резервни играчи. Последен пат, во рамки на најсилната шпанска лига настапи на 31 октомври, минатата година, кога на натпреварот со Осасуна мина само 15 минути на теренот.

По одиграни 27 кола, Леванте се наоѓа на тринаесеттата позиција, со осум бода повеќе од екипата на Мајорка, која е на 18.позиција, во зоната за испаѓање во втората шпанска лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *