Давид Бабунски, по неколку сезони минати во земјата на изгрејсонцето, Јапонија, од денеска е нов фудбалер на Ботошани.

Ботошани, за кој настапува и  Стефан Ашковски, е релативно нов клуб. Формиран е во 2001 година, а прволигашки статус првпат стекна во  сезоната 2012/13.

Регуларниот дел од првенството, Ботошани, го заврши на третото место и моментално се бори за титулата во плеј-оф разигрувањето во кое се натпреваруваат 6 екипи. За потсетување, Бабунски во минатото беше дел и од „Б“ тимот на Барселона, кратко време мина во дресот на Црвена Звезда, а за најдобрата сeлекција на Македонија има осум настапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *