Ѓоко Зајков

25 години (10.01.1995, Скопје)

Позиција: одбрана

Клуб: Шарлоа, Белгија

Зајков потекнува од фудбалската школа на Работнички, з чиј младински тим играл до 2012 година кога го забележал својот прв настап за сениорскиот тим во најсилната македонска фудбалска лига. Таа сезона, кога имал само 17 години бил избран за најдобар одбранбен играч во македонската лига.

најдоброто од Зајков (до 2014 година)

На 23 јуни 2014 година ја напушта Македонија и се сели во Франција, потпишувајќи тригодишен договор со Рен. Поголемиот дел од сезоната го минал во младинскиот тим, забележувајќи само еден настап во Купот на Франција. летото 2015, заминал на позајмица во Шарлоа, Белгија, каде настапува и денес, играјќи ја својата петта сезона.

Нажалост, обично е на клупата за резерни играчи и логично се наметнува прашањето: зошто раководството на клубот не го пушта на позајмица, во клуб каде би играл и професионално би се развивал?! Досега, за Шарлоа има настапено на 38 натпревари. Својот последен настап за Шарлоа го имал на 25 септември, во Купот на Белгија, додека во белгискиот шампионат нема настапено од 3 август 2019, кога ги одиграл сите 90 минути.

Има настапувано за сите младински категории на Македонија, додека своето деби за сениорската репрезентација, за која досега има 12 настапи, го забележа на 2 јуни 2016, во пријателскиот натпревар против Иран.

Нјдоброто од Зајков 2018/2019

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *